ВМРО – ДПМНЕ го призна Талат Џафери

Со писмото што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го испратиле до претседателот на Собранието Талат Џафери за да го информираат дека формираат 10 пратенички групи, тие де-факто го признаа легитимитетот на неговиот избор за претседател, пишува порталот СДК.мк

„Иако во дискусиите декларативно не кажуваат дека ме признале, де-факто така е тоа. Документите за формирањето на парламентарните групи ВМРО-ДПМНЕ ги испрати до претседателот на Собрание, индиректно тоа значи дека го признаваат Талат Џафери за претседател“, изјавил за порталот  претседателот на Парламентот Талат Џафери.



Де факто признавањето на Талат Џафери не значи и дека со тоа ќе се олесни работата на Собранието. Покрај проблемот што парламентарното мнозинство ќе го има со тесното мнозинство од само еден пратеник доколку реши опозицијата со 10-те пратенички групи ќе може сериозно да ја забавува дебатата во Собранието.

За да може мнозинството да носи закони во Собранието ќе мора да бидат и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој предходно на седници се појавуваше еднаш во 6 месеци за да не биде казнет и Бранко Манојловски пратеникот на ДУИ кои што живее во САД. Без нив двајца, владеачката коалиција нема 61 пратеник во Парламентот.