Со СДСМ и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи, реагира ВМРО-ДПМНЕ на веста дека ФЗО нема пари да го плати лекувањето на Леонид Индов кој со хеликоптер беше префрлен на лекување во Австрија – нешто што власта го прогласи за – историски чин.
На 6 февруари се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер, велат од партиујата.
„Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена.
Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид.
Прво, што имаше историско во летот?
Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО?
Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години.
Сега си играат со судбината на Леонид!- велат од ВМРО-ДПМНЕ.






