„СДС и ДУИ гледале и во здравството само бизнис. Власта предводена од СДС се грижела за местење тендери, наместо за пациентите и здравствениот персонал. За криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запозната, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и во поединечни јавни здравствени установи. Одговорност ќе има за секое незаконско работење.“ – соопшти ВМРО ДПМНЕ.
Натаму владејачката македонска партија нагласува: Огромен број на неправилности се констатирани во контролите, спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи. Од контролирани 24 јавни здравствени установи неправилности се утврдени во 23 во јавните набавки.
Неправилности се констатирани во клиниките за максилофацијална хирургија во Скопје, за урологија, за радиологија за нефрологија, за психијатрија, во здравствените домови во Гостивар, Ресен, Струга, Делчево, Демир Хисар, Велес, Пробиштип, потоа во Клиничка болница во Тетово, Институт за јавно здравје Скопје, општите болници во Струга, Струмица и Дебар, како и во Центар за јавно здравје во Скопје и Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид.






