„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?
Дали во недостиг на идеи, Филипче го пушти Орданоски јавно, на телевизија да шири говор на омраза и да го каже тоа што тој го мисли?
Жално е да се гледа на кое ниво се симна СДС и колку се безидејни, во паника од вртоглавиот пад на рејтингот од 1 наспрема 4 во однос на ВМРО-ДПМНЕ, па за опозициски гласови почна да се натпреварува со Левица, низ призмата кој е анти Трамп и анти Американец“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопшението се додава дека „СДС и Венко Филипче имаат шанса да излезат од живата кал во која, секојдневно, се повеќе тонат“.
Ордановски во жесток напад на владата на САД: Трамп лажго, Венс граничен неонацист, Маск расист







