ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат правата на уапсениот новинар и да се расветли случајот Салиу

Во соопштение за јавноста ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз полицаец, истовремено бара да се почитуваат правата на уапсениот новинар и да се расветли случајот со Фуркан Салиу кој попладнево беше уапсен.



,,Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар

Ја браниме и во целост ја почитуваме новинарската дејност и слободата на новинарите да известуваат и пишуваат за настаните и темите од јавен интерес, без било какви пречки.

Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот.

Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу и да се почитуваат сите негови права и слободи како новинар”, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за случајот Салиу.

Поврзана содржина

СДСМ бара ослободување на новинарот Салиу кој според МВР нападнал специјалци и имал пиштол во автомобилот