Влатко Ѓорчев молел во САД да не ја уриваат владата на Груевски (ВИДЕО)

Поранешна вработена во Стејт департментот, вели дека Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е Македонецот кој во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот премиер Никола Груевски.



Кетрин О’Нил, во поткаст на Тим Пул првично не можеше да се сети на името на човекот кој бил избран службени во македонската влада, но го опиша како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот дошол во нивната канцеларија и молел: „Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“.

Во текот на поткастот, Кетрин О Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.

О’Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД, пишува Плусинфо