Владините чиновници што очекувале бифтеци и бесни коли можат да си бараат работа во приватен сектор ако сакаат да добиваат бенефиции за кои сме слушале во сите претходни влади.
Службата за општи и заеднички работи информираше дека за да се спречи ,,башибозлук” со државните пари во изминатите шест месеци преземени се активности за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство.
Како што стои во соопштението, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.
„За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалоци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила“, наведуваат од СОЗР.
Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.
„Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80 отсто имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока“, вели Томовски.
Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.
„СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата ‘Свети Јован’ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина“, велат од СОЗР.
Најчитани статии
Македонците не ја забораваат неправдата сторена врз екс министерката од страна на СДСМ и ДУИ
Фотографија на македонско семејство ги урна сите рекорди за Нова година (ФОТО)
Предходно се борел во група која делувала под Ал Каеда
Скопјанецот Абу Катада ал Албани станал висок офицер во новата сириска армија






