Подарокот од македонскиот премиер Зоран Заев за српскиот претседател Александар Вучиќ е симболичен гест од македонската страна но изразено во маркетинг контекст вреди десетици милиони денари.
Дресот на ФК Вардар кој што Заев му го подари на Вучиќ на средбата во Белград му донесе огромна реклама на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко чија компанија „Бетсити“ се наоѓа на спортската опрема на сите дресови на спортското друштво Вардар.
Видеата и фотографиите од средбата Заев – Вучиќ на кои се гледа рекламата за „Бетсити“ беа емитувани од огромен број на медиуми во Македонија и Србија.
Рекламата ја видоа стотици илјади луѓе во регионот и тоа во сериозните програмски појаси на вестите и на интернет порталите а доколку некоја од институциите во двете земји сака да прави проблем за двајцата политичари може лесно да го интерпретира и како скриен маркетинг.
Правилата за скриено рекламирање во ЕУ и во САД се јасни и недвосмислени, и други политичари си подаруваат подароци но никогаш на подарокот нема да се најде реклама за некоја компанија.
Особено тоа нема да се случи со реклама на која што се промовира обложувалница.





