Рускиот претседател и натаму инсистира со јавноста да не ја дели личната, читај интимна состојба, па и кога за малку беше фатен на дело со придружба, тој вешто избегна да ја претстави. Девојката во црвено како што светот ја нарече не излезе од автомобилот кога забележа дека има камери, по што Владимир Путин тргна сам кон Манастирот Свето Преображенски. Путин е на одмор на свеверот од Русија.
Рускиот претседател до 2013. година беше во брак со Људмила, а медиумите шпекулираат дека долго е во врска со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева со која, наводно, има и две деца.
https://youtu.be/lGoaAvYLf9k





