Официјално барање нема, но Владата е отворена за секаков предлог. Од Илинденска по најавата од Филипче дека ќе повика на лидерска средба, како што пренесе МИА, одговориле дека Владата и премиерот се отворени за било каква иницијатива која има за цел да помогне
– Не е пристигнато официјално барање до Владата, ниту пак има иницијатива од СДСМ. Забележани се само најави од медиуми. Вакви сериозни ситуации налагаат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне – велат од Владата за МИА.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план.





