„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на мандатот работи на стабилизирање на економијата и реализирање на стратегиски инвестиции. Најавена е инвестиција од неколку милиони евра во производство на бела техника за извоз во индустриската зона во Скопје, која ќе овозможи повеќе од 200 работни места. Се работи и на три инвестиции во технолошко-индустриската развојна зона на Штип, кои ќе донесат повеќе од 1000 нови вработувања.“ – соопшти владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: Стратегиските цели се исполнуваат преку долгорочни планови, кои гарантираат одржлив економски развој и социјална стабилност. Парите се насочуваат кон клучните сектори и се создаваат можности за раст и развој и отворање на нови работни места. Јавниот долг е намален и процентуално и во апсолутна бројка: ова е најниско рамниште во последните пет години. Јавниот долг е намален за 36 милиони евра во апсолутен износ, или за 4,7 отсто во првиот квартал од 2025 година.
Државниот долг во првото четиримесечје од 2025 година е намален за 3,7% во споредба со долгот на 31 декември 2024 година. Се зголемува индустриското производство, а реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави постојани напори за унапредување на економијата, зголемување на продуктивноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на создавање услови за стабилен раст и сеопфатна економија за сите граѓани.





