Владата издвои 1 милијарда денари за заостанати субвенции за над 9 илјади земјоделци, дел од нив чекале 4 години на парите!

„Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците. Затоа се издвоени 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците. Повеќе од 9 илјади земјоделци ќе ги добијат парите како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.“– се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.“



„Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат пари и до крајот на годината нема да има доцнења на субвенциите за земјоделците. Владата ќе придонесе со значајната поддршка за земјоделското производство. На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците.“ – наведува Владата.