Вицепремиер на Хрватска поднесе оставка – од автомобил пукал со пиштол

Министот за земјоделство и хрватски вицепремиер Јосип Дабро ноќеска поднесе оставка откако во јавноста излезе видео снимка на која се гледа како тој преку отворен прозорец пука 15 истрели од пиштол додека се вози во приватен автомобил.



Оставката ја објави на својот Фејсбук профил еден час по полноќ.

„Драги пријатели,

Од морални причини поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство.


Како одговорна личност и јавен функционер, сметам дека мојата лична ситуација не треба да го оттргне вниманието од клучните приоритети на Владата и ресорите, ниту да ги забави понатамошните неопходни реформи.

Затоа, со целосно уверување дека ова е најдобрата одлука за општо добро, се повлекувам од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство. Ќе останам посветен на мојата професија и да придонесувам за заедницата на други начини, надвор од опсегот на оваа функција“, објави тој.