Американско-руските разговори за војната во Украина во моментов се фокусирани на пет украински региони за кои Москва тврди дека се нејзини, но од кои Киев нема намера да се откаже, изјави специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф.
Нивниот статус може да биде сериозна пречка за каков било договор за прекин на војната..
Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи Крим, Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон за делови на Русија. Сите овие територии се наоѓаат во Украина и се барем делумно окупирани од руските сили.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина никогаш нема да ги признае овие територии како руски.
Ако администрацијата на Трамп ги притисне да се откажат од нив, Зеленски ќе се соочи со тежок избор: ризик да ја изгуби американската поддршка ако одбие или да ја изгуби довербата на Украинците ако се согласи.
И двете опции би му одговарале на Путин, пишува The Wall Street Journal.
Виткоф првпат ги спомна регионите во интервју со Такер Карлсон во март, иако во тоа време тој погрешно го наведе нивниот број и не можеше да се сети на повеќето од имињата.
Тој „погрешноо“ тврдеше дека Русија „де факто“ ја презела целосната контрола врз регионите и ги повтори тврдењата на Путин, обидувајќи се да ја оправда окупацијата – дека тоа се главно рускојазични области кои наводно избрале да се приклучат на Русија.
Меѓународната заедница ги отфрли овие референдуми како нелегитимни и наместени.
Во интервју за Wall Street Journal, Виткоф рече дека Путин за време на нивните разговори се фокусирал на украинските региони.
Тој додаде дека е можно Русија да добие некои од тие региони, но не сите.
Виткоф сугерираше дека Украина би можела помалку да се грижи за некои региони доколку тие беа мнозински Русофонски.
„Кога ќе ги погледнете тие пет региони, Русија, тие ви се важни. Но и Украина, дали ви се помалку важни ако се повеќе русофонски? рече тој.
Зеленски постојано изјави дека никогаш нема да ја признае руската власт над кој било дел од украинската територија, што е поддржано од огромното мнозинство Украинци.






