„Вистински шампион во спортот и во животот“: Махачев му честита на Волкановски

Ислам Махачев, со чие префрлување во лесна категорија се испразни шампионскиот трон во перолесна, што го искористи Александар „Велики“ Волкановски за да си ја врати титулата со вчерашната победа во Мајами над Диего Лопес од Бразил, јавно му честита на двократниот првак од Австралија со македонско потекло.



„Честитки Алекс Волкановски за големото враќање! Вистински шампион во спортот и во животот“, напиша на Икс рускиот ултимејтфајтер, кој го победи Волкановски и во двете меѓусебни борби, но во лесна категорија – првата со контраверзна одлука на судиите, а втората со нокаут во првата рунда.

„Ти благодарам брате“, му одговори Македонецот по татко под објавата.