За време на посетата на Косово, поранешниот шеф на верификаторот на ОБСЕ изјави дека е време да си замине генерацијата на политичари кои произлегоа од војнатаќ
Поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово (пред почетокот на нападите врз југославија во март 1999 – н.з.) Вилијам Вокер не се согласил за време на церемонијата за одбележување на годишнината од настаните во Рачак, да добие признание од Хашим Тачи.
Вокер учествуваше на комеморацијата од 19 години од убиството на 45 цивили во селото Рачак во општина Рачак.

Името на Вилијам Вокер (83), е силно поврзано со овој случај. Токму тој настаните од 15 јануари 1999 година ги окарактеризира како „масакр на невини цивили“, што беше и непосреден повод за официјалниот почеток на 78-дневната воздушна кампања против поранешна Сојузна Република Југославија од страна на НАТО, потсетуваат медиуми.

Вокер рече дека тие убиства биле геноцид, и тоа е она што влијаеше на претставниците на меѓународната заедница по два круга на неуспешни преговори во Рамбује, помеѓу претставниците на косовските Албанци и српското раководство, да донесат одлука во врска со воздушни напади врз цели во поранешна Сојузна Република Југославија.
„Не сум подготвен да го примам одликувањето од Тачи … Не дека го одбивам, но кога ме прашаа дали с ќе го прифатам, поради некоја причина, реков не“ рече Вокер, пренесуваат приштинските медиуми, цитирани од РТС.
Вокер честопати го критикуваше Тачи во текот на изминатите години, обвинувајќи го дека „прави сé за да ги задоволи претставниците на меѓународната заедница“.
Поранешниот шеф на верификаторите на ОБСЕ, за време на посетата на Косово, рече дека е време да си оди генерација на политичари кои се појавија по војната и да го препушти местото на новата генерација.





