Ниско буџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Според францускиот весник „Ле Еко“, летовите наскоро би требало да бидат закажани.
Од Скопје ќе се лета до аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град Париз.
Како што објави порталот „Екс ју авијација“, повикувајќи се на францускиот финансиски весник „Лез еко“ (Les Echos), се очекува летовите да бидат закажани наскоро.

Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид дека унгарската ниско буџетна компанија „Визер“ одржува летови меѓу Скопје и аеродромот Буве, што се рекламира како лет до Париз. Сепак, за разлика од Буве, кој е оддалечен 90 километри од центарот на Париз, од аеродромот „Орли“ има само 20 километри.
Минатата година „Визер“ превезол 39.918 патници од Скопје до Париз.„Изиџет“ минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.





