ВИЕ ЈА УБИВТЕ ФРОСИНА – Судот и обвинителството посочени како етички соучесници при смртта на младата дизајнерка

ВИЕ ЈА УБИВТЕ ФРОСИНА, објави уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев за кого Судот и обвинителството се етички соучесници во смртта на младата дизајнерка која беше прегазена во центарот на Скопје.



,,Не знам кој датум беше во 2020 година, ама петок беше кога мене АНБ ми поднесе кривична пријава за оддавање на службена тајна.
Следната среда, значи по три раборни дена веќе обвинителството имаше поднесено обвинение за мене.
Полицијата го фатила Васил Јованов во март 2024, со 80 паковки амфетамин дома. Со целосни материјални докази.

Веднаш била поднесена кривична пријава.

Цели 11 месеци не е поднесено обвиниение! За чист и документиран случај!!! Цели 11 месеци од кои 10 тој е слободен!!!

И сега од ОЈО се правдаат дека судот е крив, пошто го пратиле тогаш во зарвор во поправен дом за малолетници иако имал 20 години.
Во 2023 одбиле кривична пријава од МВР иако бил виновен и предизвикал сообраќајка без возачка дозвола.
Не дека судот не е крив, ама заедно со нив и ВИЕ ЈА УБИВТЕ ФРОСИНА!!!”, пишува Златев.