Шефицата на компанија со недвижнини, Труонг Мај Лан, денеска беше осудена на суд во Хо Ши Мин, откако беше прогласена за виновена за проневера, поткуп и кршење на банкарските регулативи.
67-годишната шефица на компанијата Van Thinh Phat (VTP) е обвинета за измама во износ од 12,5 милијарди долари, што е речиси три отсто од виетнамскиот БДП во 2022 година, јави Ројтерс.
Апсењето на 67-годишната жена-тајкун беше едно од најпознатите во борбата против корупцијата во Виетнам.
Стотици високи владини функционери и бизнис лидери се соочија со кривично гонење или беа принудени да поднесат оставки во голема антикорупциската кампања.
VTP беше меѓу најбогатите компании за недвижнини во Виетнам, со проекти кои вклучуваа луксузни станбени згради, канцеларии, хотели и трговски центри.






