Видовме како практикуваа власт: Димитриевски за барањето на СДСМ за лидерска средба

 

За Максим Димитриевски, лидерот на движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, за барањето на СДСМ за „лидерска средба“ поради безбедностана состојба на државата е класично политичко лицемерие.



„Тие до вчера беа на власт, видовме како практикуваа власт. Имаше вакви или слични појави и во минатото и секогаш отстапуваа. Не преземаа ништо“, рече тој во гостувањето на ТВ Сител.

Барањто на СДСМ по последните случувања за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога се сквернавеа национални симболи, тој го нарече „ловење евтини политички поени“.

Додаде дека очекува месецот очекува лидерска средба во рамки на владејачката коалиција, која би ја свикал мандатарот, односно премиерот Христијан Мицкоски.

„Досега немаме разговарано со коалицијата ‘Вреди‘ и се надевам дека во следниот период отворено ќе седнеме и ќе разговараме како партнери за сите отворени прашања, вклучително и за истакнување на државните знамиња и симболи“, рече Димитриевски.