Видео: Јане Пeтковски и Елизабета Стефковска го напуштија СДСМ во Општина Кисела Вода

Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.



Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.

Оваа информација ја објави самиот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој им изрази благодарност на двајцата советници.„Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители.  Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода“, Орце Ѓорѓиевски.

Видео: https://www.facebook.com/share/r/WJuXRTko7AFdvyWQ/?mibextid=s54t8k