Претседателот на Трговската комора при Сојузот на стопански комори, Сашо Дукоски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 проговори за случајот каде четири ланци на маркети, како и Сојузот на стопански комори склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување. Тој е дециден дека тоа е тотално неточно тврдење.
- „Мојот коментар е дека ние работиме согласно закон, ова е тотално неточно тврдење кое што се надевам низ постапката ќе си се докаже, а од друга страна гледаме дека пак се расфрламе со спектакуларни термини во смисла на картелско здружување. Картелите се на други места. Такво нешто не се случило, не е точно“, порача Дукоски.





