Врз основа на записи од повторното судење expres.mk прави видео реконструкција на делови од судењето на кардиохирургот Жан Митрев која што со помош на дигитални технологии ви ја пренесува атмосферата во судницата при повторното изведување на доказите на ОЈО а во случајов се темели на изјавата на сведокот на обвинителство Мелита Брезова.
Видеото со реконструкција на настаните не содржи оригинални снимки од судењето туку е направено со помош на записи од судењето и дигитална технологија. Дел од видео материјалите се генерирани со вештачка интелигенција.
Во ова видео се слуша дека главниот сведок на Јавното обвинителство во прогонот на Жан Митрев вели дека персоналот на клиниката Жан Митрев не препорачал ниту одобрил хемофилтрација за сите платени пари.
Главниот сведок на ЈО во прогонот на кардиохирургот Жан Митрев признава дека веднаш по првата хемофилтрација нејзиниот сопруг бил подобар.
Според член на семејството тие верувале во лекарите на клиниката Жан Митрев за подоцна да го тужат кардиохирургот за измама иако никогаш не го виделе во живо ниту разговарале со него.
Сведокот Мелита Брезова на судењето испрашувана од адвокатот на одбраната Никола Додевски прво вели дека знаеле дека има ризици од методата на хемофилтрација за подоцна да каже дека не размислувале за ризици.
Брезова во овој дел од претресот вели дека како во секоја друга клиника и во Клиниката Жан Митрев, лекарите а не пациентите, одлучуваат како ќе се лекува пациентот.
Според записи од судењето на кое сега се повторуваат доказите главниот сведок на обвинителството признава дека по првата хемофилтрација на сопругот кој веќе немал Ковид состојбата му се искомплицирала од друга здравствена состојба
Тој подоцна бил опериран од Илеус што нема никаква врска со тужбата за измама против Жан Митрев затоа што според обвинителството наводната измама била направена за нудење хемофилтрација.
Денеска во презентираме трет дел видео реконструкцијата на дел од судењето во кој сведочи главниот сведок на Јавното обвинителство која во повеќе наврати ги побива основните тези на обвинителката Искра Хаџи Василева.
Во продолжение транскрипт од прашањата на адвокатот на Жан Митрев и одговорите на сведокот Мелита Брезова направен врз основа на записи од повторното гледање на доказите
На прашање на бранителот: По првата хемофилтрација дали имаше покојниот сопруг позитивен тест на ковид-19?
Сведокот одговора: Не, по првата хемофилтрација имаше IGm тест веќе негативен. Немаше Корона.
На прашање на бранителот: Зошто беше опериран, од која дијагноза. Вие пред јавниот обвинител сте ја кажале дијагнозата, илеус?
Сведокот одговора: Да, точно докторката се јави и ми рече Мелита се работи за илеус. Тоа се нејзини зборови
На прашање на бранителот: Знаете ли што е руптура на дебело црево?
Сведокот одговора: Знам
На прашање на бранителот: Дали е исто со илеус?
Сведокот одговора: Не знам
Бранителот наведе: Прашувам дали проверувале дали е одобрена методата
Сведокот одговора: Не
На прашање на бранителот: А дали имавте можност да проверите, на пример да се јавите во Комисијата за заразни болести таму каде што вие поднесувавте пријави многу често, снимате емисии итн?
Сведокот одговора: Не, не сум имала потреба зошто.
На прашање на бранителот: А дали знаете дали се применувала и на други клиники хемофилтрацијата?
Сведокот одговори: Знаевме дека нигде не се применува освен во Жан Митрев
На прашање на бранителот: Не сте виделе написи дека се применува на пример и во една друга приватна болница Систина. Зошто не проверувавте?
Сведокот одговора: Немавме потреба
На прашање на бранителот: Дали имаше дилема од ваша страна за употреба на хемофилтрацијата
Сведокот одговора: Да имаше дилема затоа што знаевме дека е меч со две острици
На прашање на бранителот: Значи Знаевте дека има и ризици?
Сведокот одговора: Да
На прашање на бранителот: Но сепак депониравте пари за хемофилтрација?
Сведокот одговора: Да
На прашање на бранителот: Дали со тоа што депониравте пари прифативте и ризик ако имал таков?
Сведокот одговора: Па ние не размислувавме на ризик. Не размислувавме дека може нешто да тргне на лошо
На прашање на бранителот: Кога ваш член на семејството, на пример сопругот ваш донел одлука да се лекува во приватна болница дали прифаќа лекувањето да го одредуваат докторите во таа болница или пак тој треба да им кажува како да го лекуваат?
Сведокот одговора: Да во ред така е. Лекарите кажуваат
На прашање на бранителот: Дали во Клиниката Жан Митрев состојбите од ковид-19 ги лекува одредена медицинска специјалност на доктори и дали знаете која?
Сведокот одговори: Да
На прашање на бранителот: Која?
Сведокот одговори: инфектолози и пулмолози
На прашање на бранителот: А на интензивна нега дали ги лекуваат?
Сведокот одговора: На интензивна нега работат анестезиолози
На прашање на бранителот: Дали тие ги лекуваат исто и пред се?
Сведокот одговора: Да
Повеќе видеа од кои јасно се гледа што се случувало на судењето на кое се гледа дека дури и сведоци на обвинителството сведочат контра тезите на обвинението.







