(Видео): Пукање во Чаир, има повредени

Едeн човек е повреден во пукање што се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“, пишуваат повеќе медиуми. Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.  



Според информациите до кои дојде „360 степени“ повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. ТВ21, пак, дојде до информација дека автомобил „фолсваген пасат“ со кумановски таблици е во бегство.

Силно полициско присуство има вечерва на улицата Џон Кенеди, а на терен се присутни и специјалци.

На местото на престрелката, на раскрсницата меѓу булеварите „Цвеѕан Димов” и „Џон Кенеди”, вечерва се присутни полициски екипи. Побаравме информација од Министерството за внатрешни работи, но оттаму се уште нема потврда за случајот. Дел од медиумите веќе пренесуваат видеа на кои може да се види дека во овој дел од населбата Чаир има зголемено полициско присуство.