Што ќе се случува со цените на храната и енергијата во годините што следат?! Експертите со отимистичка прогноза. Конкретно, универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата „Бизнис 21“ истакна дека глобалните проекции покажуваат дека во 2025, но и во 2026 година цените на храната и енергијата би требало да стагнираат или да се намалуваат.
„Има определено нагорно-надолно движење кај електричната енергија, меѓутоа кај нафтата и другите деривати имаме намалување, металите имаат различно движење. Се претпоставува дека монетарната политика ќе се намали односно со инфлацијата ќе се намалуваат и понатаму иако дискутабилно е колку ќе се намалуваат каматните стапки на глобално ниво. Економскиот раст се уште останува нестабилен“, вели Треновски.
Универзитетскиот професор Борче Треновски истакна дека Македонија е предградие на Европа, што значи дека имаме уникатна можност за привлекување на странски инвестиции.
„Изминатата година имавме солидни странски директни инвестиции иако половина се сопственички капитал и реинвестирање сепак средствата се тука. Имаме позитивен тренд во оваа геополитичка гужва која се створи, односно од страв за нарушување на синџирите и геополитичката стабилност, сите европски економии кои се во нашиот регион ги носат своите добавувачи и компании околу своето предградие“, вели Треновски.
Како што вели, најголем проблем за странските инвестиции се човечкиот ресурс, како и владеење на правото.
Како што додава, ние мора да се подготвиме иако тоа има одредени ризици.





