Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“ која има свое претставништво во земјава, во гостувањето на „Трилинг“ дава одговор на прашањето за неговите први средба со идниот премиер Христијан Мицкоски, како и со Стопанската комора на Македонија. Според Костал, првиот впечаток е одличен и очекува Влада која е благонаклонета кон економијата и економскиот развој и дека тука во Македонија начелно има добра клима и околности за идни инвестиции од претпријатија кои веќе се присутни тука, но и дека има основа за нови инвестиции во државата.
На прашањето што треба да биде приоритет на новата Влада, тој вели дека од една страна, вежно е за претпријатијата кои веќе се тука, и за оние кои сакаат да се инсталираат тука, да се креираат стабилни и доверливи рамковни услови.
- Ако не погледнете нас како претпријатие, ние досега имаме инвестирано околу 100 милиони евра тука во Македонија и немаме ниту можност, ниту намера, да ја повлечеме инвестицијата од тука на краток рок и да ја однесеме на друго место. Но затоа многу зависиме од тоа, рамковните услови, даночните, регулаторните, царински рамковни услови и слично да бидат стабилни, а договорите и спогодбите да се почитуваат и да се почитуваат временските рокови, вели Костал за „Трилинг“ и додава дека на тој начин да може да се создаде доверлива и пресметлива рамка во која може да се дејствува.
За тоa што мисли за ситуацијата тука во Македонија, Костал вели дека не е експерт за да може да зборува за општествениот развој, но она што може да го констатира кога ги гледа, на пример, нивните активности тука во Македонија низ годините, е дека имаат направено неверојатно голем напредок и огромен чекор напред.