(ВИДЕО)ФФМ објави видео што наследи: излитени гарнитури, скршени врати, ѓубре, дупки на ѕидовите во Академијата!

Фудбалската федерација на Македонија од неодмна доби нов претседател и целосно променет состав кој ќе работи во домашниот фудбал.



Масар Омерагиќ ја превзема улогата на човек кој ја има одговорната обврска да го врати фудбалот на вистинскиот колосек. Заедно со еминетни фудбалски имиња во својот тим, заложбата пред нив е голема, бидејќи, наследија целосно нарушена институција, без меѓусебна кохезија, минимални претходни резултати на инфраструрно поле и апсолутно занемарена посветеност кон младите.

ФФМ објави видео во кое јавно пред јавноста покажуваат во какви услови е Академијата на федерацијата, онаа која треба да биде најголема логистика и вистински расадник на следни репрезентативци.

Излитени гарнитури, дупки на ѕидовите, вода која пробива од покривот, отпад на сите страни, искршени плакари, врати, влага… призор на очај, беда и разочарување, но глетка која отвара прашање што работеа во изминативе години.

Омераѓиќ од првиот ден на својот мандат стави силен акцент на младите и изградба на терени, наметнувајќи реторички став: ,,фудбалер се станува на терен, не на трибини”.

Патот е тежок, но од некаде мора да започне промената.