Вечерва, на 28.8.2024 е пукано кон А.И. (24) од Арачиново, со повреди е пренесен во Клинички центар

„Денеска, на 28 август 2024 година околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново. Тој се здобил со повреди и е пренесен во комплексот на клиники ’Мајка Тереза’, заради укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ – се вели во информацијата од МВР. Ова го објави „360 степени.мк“.



„360 степени.мк“ пишува: Изминативе десетина дена ова е трет инцидент со огнено оружје, во кој има повредени или убиени лица.

На 19 август во скопската населба Ченто имаше пукање од возило во движење при што едно лице со повреди беше однесено во болница.

Ден подоцна се случи престрелката на паркингот меѓу станбените згради и трговскиот центар „Мавровка“ каде едено лице беше убиено откако во него пукале неколкумина напаѓачи. Тие, според очевидци, од неговиот автомобил одзеле предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.