Вечерва заседава Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ!

Седница на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ се одржува вечерва во седиштето на партијата која започна веднаш по завршувањето на денешниот протест пред владата.



Не е познато дали на седницата ќе стане збор за оставката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. На денешниот протест симпатизерите му скандираа  „Нема оставка“ на Никола Груевски, кој вчера го најави тоа.

Груевски, порача дека 14,5 години на лидерската позиција се борел за партијата, но и за државата.

Доколку Груевски понуди оставка на лидерската позиција, тогаш Комитетот треба да се изјасни дали ја прифаќа и за кога ќе биде закажан вонредниот Конгрес на ВМРО ДПМНЕ.