Вчера Венеција ја комплетираше пилот програмата за наплата на влезот во градот со дневни билети за странски туристи.



Во текот на изминатите два и пол месеци, речиси 450.000 туристи ја платиле таксата од 5 евра за влез во градот што на градот му донесе околу 2,2 милиони евра, според пресметките на Асошиејтед прес.

Противниците на мерката го нарекоа експериментот неуспешен и протестираа поради таксата од 5 евра, која, според нив, не ги одвратила доволно посетителите од пристигнувањето во деновите на шпицот, како што беше ветено.

„Таксата е неуспешна, како што покажуваат податоците на градот“, предупреди Џовани Андреа Мартини, опозициски член на градскиот совет.

Во првите 11 дена од пробниот период, во градот биле забележани во просек по 75.000 посетители. Мартини изјави дека имало 10.000 дневни посетители повеќе отколку на трите големи празници во 2023 година.

Во историскиот центар на градот сега има повеќе туристички легла отколку жители.

„Апсолутно е бескорисно да се сака ова да се зголеми на 10 евра. Тоа ја прави Венеција музеј“, убеден е Мартини.