Венецијанската комисија ќе го коментира законот за јазици откако ќе биде донесен

Венецијанската комисија ќе даде мислење за законот за јазици откако тој ќе биде донесен во Собранието, изјавил вчера во Драч македонскиот премиер Зоран Заев.



Запрашан за Законот за употребата на јазиците Заев изјавил дека значењето на јазикот е јасно рефлектирано со самиот факт што тој е дел од владината програма.

„Владата го усвои законот за јазици и за него ќе дискутираме во Собранието во септември. Очекувам и уште еднаш ја повикувам опозицијата да учествува во расправата. По гласањето Венецијанската комисија и нашите институции ќе имаат можност да дадат коментари за него“.

Според премиерот новиот закон ги поврзува македонските граѓани а целта на владата е да се подобри законот затоа што тоа е право на сите граѓани со цел градење на општество за сите во Македонија.