Екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов сега вели дека СДСМ е заробена партија а до вчера беше еден од главните во неа.
Шилегов вели дека СДСМ е заробена партија од 2019 година кога тој беше еден од луѓето во врвот на партијата но молчеше за истата тема.
,,Ај да не се лажеме !!!
СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи.
Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!!”, пишува Шилегов.
Двајцата лидери на кои мисли Шилегов се неговите до вчера блиски колеги.






