Православните верници денеска, на Велика Сабота, ги прават последните подготовки пред прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.



Велика Сабота, денот што му претходи на Велигден, според христијанската традиција, го симболизира преминот од жалост во славење.

Велика сабота е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот.

Вечерва се оди во црква каде на полноќ, се објавува прогласот „Христос воскресе!“, со што се одбележува почетокот на Велигденските прослави.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.