Многу ветувачката и се попопуларна француска пејачка од последниот период Барбара Велденс починала за време на својот концерт во градчето Гудрон. На Барбара пред крајот на настапот пред локалната црква и се слошило, паднала и не се рабудила. Причините за смртта првично се говори дека се кардио-респираторни, но полицијата ќе врши истрага затоа што постои веројатност да починала како последица на електричен удар.



Велденс беше една од најталентираните француски пејачки од новиот бран за што доказ е наградата за најголем млад талент што одеше паралелно со објавувањето на првиот албум Le Grand H de l’Homme.

Барбара која беше кантавтор, интерпретатор, композитор почина на 34 години.