Ова го ветија денеска министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ.
Имено, на петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството кај нас.
„ Петте најдобри студенти кои завршиле медицина во Скопје, во Штип и во Битола, ќе им дадеме шанса веднаш да се вработат, пред ова да влезе во закон. Се надевам наскоро ќе биде и дел од законот. Оваа година почнуваме со пет, идната година, се надевам, по 10 студенти од сите медицински факултети, изјави Таравари по средбата, пренесе Сител






