Зеленчукот е вкусен во секоја комбинација. Но, оваа вегетаријанска тава има посебен вкус и е одлична за секој ден во неделата. Прочитајте како се подготвува.
Состојки:
-4 компири
-4 моркови
-1 тиквичца
-200 гр пченка
-50 гр сусам
-сол
-маслиново масло
-мала лажица зачин мајчина душица

Начин на готвење:
Компирот, морковот и тиквичката излупете ги и исецкајте ги на коцки.
Ставете ги сите состојки во керамички сад за печење.
Посолете и наросете со сусам.
Ставете вода колку да се залие.
Се пече 45 минути под фолија во загреана рерна на температура од 220 степени.





