Американецот Донтеј Вајлдер во Њујорк го нокаутира Бермејн Стиверн во првата рунда и го одбрани појасот во тешка категорија во верзијата WBC. Вајлдер и натаму е беспрекорен со 39 победи (38 со прекин) во исто толку мечеви, како што и носителот на титулите во WBA, IBO i IBF, Ентони Џошуа има 20 триумфи без пораз и нерешено.
„Џошуа ти објавувам војна. Јас знам дека сум најдобар, но тоа треба да го види и светот. Нема веќе криење, дај го датумот“ веднаш по мечот Вајлдер му порача на Џошуа дека е подготвен и дека со нетрпение го очекува мечот на деценијата, како што уште сега го најавуваат боксерските аналитичари.
Дуелот на Вајлдер и Канаѓанецот Стиверн беше римеч на соочувањето од јануари 2015 година кога Стиверн остана на нозе 12 рунди и загуби на поени.
Сега беше сосем поинаку.
https://youtu.be/Q1SR_5Qh9GM





