Официјален Вашингтон објави нова рамка за корумпираните Балканци според која во иднина ќе страдаат и децата на луѓето од Црните листи.
Претседателот на САД, Џо Бајден, потпишал нова извршна наредба за проширување на досегот на Црната листа, односно санкциите во врска со состојбата на Западен Балкан, пишува Гласот на Америка.
Извршната наредба ги надополнува условите за санкционирање лица кои ја загрозуваат стабилноста на регионот, вклучувајќи и оние кои работат против Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.
Според извршната наредба ќе се санкционираат: сите лица кои се лидери или функционери во ентитети кои се обидуваат да го нарушат мирот и стабилноста на Западен Балкан, лицата чии имоти се блокирани поради овие активности како и Брачни партнери или деца на лица под санкции.
Извршната наредба исто така ги проширува санкциите на оние кои ја поткопуваат владеењето на правото, се вклучуваат во корупција или политички поткуп, како и на оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и човековите права во регионот.
Санкции ќе се применуваат и на поддржувачи на овие активности.
Белата куќа исто така најави нови упатства за санкционирање на лица кои ја поткопуваат стабилноста на регионот, вклучително и со финансиски и правни чекори.
Најчитани статии
За загинатите 45 патници во запалениот автобус виновна и бугарската Агенција за патна инфраструктура
Пиротехничарот што го нема никаде
Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки






