Вашингтон планира да потроши околу 250 милиони долари наменети за странска помош за репатријација на луѓе од активните конфликтни зони, вклучувајќи околу 200.000 Украинци и 500.000 Хаиќани, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на нацрт-интерни документи до кои дојде весникот.



За време на претседателствувањето на Џо Бајден, на Украинците и на Хаиќанците им беше доделена привремена заштита, што им дозволуваше да останат во САД доколку не беа во можност да се вратат во своите матични земји.

Имигрантите кои доброволно ќе ги напуштат САД и ќе се вратат во своите матични земји ќе имаат право на помош од 1.000 долари, објави Министерството за внатрешна безбедност.

Според противниците на планот, администрацијата на Трамп ги принудува барателите на азил да се вратат во земји каде што се „во опасност од смрт“. Тие, исто така, се прашуваа дали планот претставува злоупотреба на средствата за странска помош наменети првенствено за поддршка на бегалците и преселување.

Според Обединетите нации, во Соединетите Американски Држави има околу 200.000 украински бегалци.