Трите најголеми светски сили се обидуваат да ги подобрат своите позиции во пресрет на самитот на кои 90 земји утре и задутре ќе разговараат за мирот во Украина на конференција која може да биде претходница на новата Јалта.
Вашингтон, Москва и Пекинг деновиве прават дипломатски чекори и акции со цел подобро да се позиционираат пред самитот што ќе се одржи во Бургеншток близу швајцарскиот град Луцерн.
Од своја страна Кина „суптилно ја бојкотира“ украинската конференција во Швајцарија и промовира свој мировен план.
Како што пренесува Ројтерс, кинеските власти почнале почесто да комуницираат со странските мисии во Пекинг од кои не бара отворено да не присуствуваат на конференцијата, туку неофицијално порачуваат дека самитот во Бургеншток ќе го продолжи конфликтот.
Во исто време, Пекинг се обидува да ги убеди земјите во развој да се приклучат на планот за Украина од шест точки развиен заедно со Бразил.
Пред самитот во Швајцарија Русија од своја страна дава уште еден мировен предлог на Украина. Во планот Путин сугерира дека зборува за замрзнување на конфликтот, туку за негов конечен крај.
Трите точки на Русија не се прифатливи ниту за Украина, САД и НАТО затоа што Киев според нив треба да се откаже од својата територија:
▪ Русија ќе биде подготвена да седне на преговарачка маса штом Украина ги повлече своите трупи од регионите Луханск, Донбас, Херсон, Запорожје и се обврза да не се приклучи на НАТО.
▪Русија е подготвена да гарантира безбедно повлекување на украинските единици и формации од Донбас.
▪Ако Западот и Киев одбијат, нивна е одговорност за крвопролевањето, стои во планот на Путин
Предходно претседателот на САД Бајден и Зеленски потпишаа десетгодишен безбедносен договор меѓу САД и Украина.
Според договорот Соединетите Американски Држави не преземаат нови обврски во врска со изгледите за влез на Украина во НАТО. Договорот не ги обврзува САД да одговорат воено во случај на напад врз Украина.
Исто така, во договорот не се прецизира точниот износ на воена помош што Вашингтон треба да и ја пружи на Украина:
Фактот дека договорот не предвидува испраќање американски војници во Украина го потврди и Бајден еден ден пред неговото потпишување.
Македонија на клучниот самит на кој главниот збор го имаат западните земји ја претставува претседателката Гордана Сиљановска Давкова.





