Вицепремиерката на Украина Олга Стефанишна денеска изјави дека “Вашингтон и Киев се блиску до постигнување на Договор за користење на минералите. Се обврзуваме да го комплетираме ова и да заврши „мазно“ и со потпис. Се надеваме дека заедно лидерите на САД и Украина ќе го потпишат и поддржат во Вашингтон што побрзо за да ја покажат нашата посветеност за децениите кои следуваат.“ Напиша Стефанишна на мрежата Икс.
Ова доаѓа како силна контра на изјавата на Зеленски кој рече дека нема да го потпише договорот.
За продолжување на поддршката, американскиот претседател Доналд Трамп, побара ексклузивитет за користење на ретки украински минерали во вредност од 500 милијарди долари.






