Васко Саздовски , еден од загинатите на железничката станица во Нови Сад, каде бетонската настрешница паднала од зградата на станицата вчера сакал со воз да замине дома во Македонија кадешто живеат неговата сопруга и двете деца. На патувањето тргна во трагичниот петок, 1 ноември…
Како што дознава „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството.
„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработил во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера“, изјави Директорот на „Биосенс“ Владимир Црнојевиќ за Политика.
Колегите на Саздовски утрото по трагедијата се собраа во Институтот Биосенс. Според нив, Васко работел тука нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија…





