Македонскиот државјанин што го загуби животот во уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад е Васко Саздовски, роден во 1979 година.
Вишото јавно обвинителство од Нови Сад објави дека се идентификувани седум од вкупно 14 жртви, од кои две се жени и петмина мажи, а три лица се повредени, од кои две женски и едно машко и сите се примени на Клиничкиот центар на Војводина.
Во несреќата загинало и шестгодишно девојче, чиј идентитет не е познат.






