Противпожарната служба соопшти дека утрово повеќе од 80 отсто од големиот трговски центар бил зафатен во пламен а се претпоставува дека целосно изгореле 1.400 продавници.



Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.

Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.

Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.