Вселенскиот патријарх Вартоломеј даде специјална изјава во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за надминување на разликите околу името на Република Македонија.



„Во врска со разговорите за името на ПЈРМ, Вселенска патријаршија како црква-мајка на сите балкански православни цркви ги повикува сите засегнати страни да пројават добра мисла и воздржаност по ова толку критично и чувствително прашање, за да може да биде решено по мирен пат и со разум“, се вели во изјавата на Вартоломеј.