Вториот меч на македонската машка ракометна репрезентација на 13. Европското првенство според претпоставките не е лесен, не е едноставен и е вистински тежок, па по 30 минути игра во Загреб сме во негатива од 16-15. Од ваквиот исход не можеме да бидеме задоволни, секако, но како истата можеше да биде и повисока, а и тоа што ни дава реална шанса за пресврт, не е страшна.
Тргнавме добро со бековски реализации и водства од 2-0 и 4-2, но потоа Црногорците ги искористија нашите технички грешки и со низа од 4-0 влегоа во водство кое во неколку наврата изнесуваше и три разлика. Сето тоа до 20 минута кога ние влеговме во серија од 5-1 за изедначување и предност. Истото остана четири-пет минути, но потоа одново застој во реализацијата која комбинирана со три исклучувања во нашите редови не внесе во нова негатива која со многу среќа не стана два и која успеавме да ја исконтролираме за мала и достижна негатива од 16-15.
Најдобар поединец во мечот од групата В е бекот на противникот Чавор со 5 гола, а кај нас Кире Лазаров има три погодока додека Пешевски, Миркуловски и Талевски имаат по два.
Претходно денеска Германија и Словенија одиграа нерешено 25-25.




