Најдобриот, од летово и во Еврокуповите најуспешниот мекедоснки фудбалски колектив вечерва го започнува походот кон елиминациите од клупското фудбалско натпреварување кои сега, се нов ориентир. Од 20.45 во Скопје се игра мечот на Вардар и Зенит кој е дел од групата Л. Во редовите на црвено црните нема дилема дека Русите се посилни, но нема и околу нивните желби.



„Ќе играме офанзивно, на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион пред нашата публика. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да нè поддржат. Играме одлично дома во Европа, од три натпревари имаме три победи, и посакуваме да ја продолжиме таа серија и да ги освоиме првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од Лигата на шампионите. Но не успеавме со поразот во Копенхаген. Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат”, рече капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров.

Натпреварот на Вардар и Зенит е еден од 24. денеска во рамките на првиот круг во Лига Европа. Освен скопскиот за нас е интересен и вториот од 12. група меѓу Реал Сосиедад и Розенборг кои есенва ќе му бидат противници на Вардар.