Вардар го победи Пелистер со 1-0 во вечното дерби на македонската лига. На Филип втори во Скопје решавачкиот момент се случи во 65 минута. Центаршут на Фелипе, повратна од Велковски и погодок од непосредна близина со глава на Муслиу. Првакот беше подоба веројатно за тој еден гол иако се можеше да биде и поубедливо заради шансите на Николов, Фелипе, Блажевски, но и да биде подобро за битолчани кои дадоа гол преку Цветановски кој беше поништен поради офсајд.
Дербито беше осветлено и од прославата на навивачите на Вардар, Комитите кои за јубилејот 30 години од формирањето приредија незапамтен огномет, кој имаше неколку продолженија.
За жал на крајот од мечот организацијата попушти, па навивачите на Вардар влегоа на терен и се упатија на пресметка со гостинските фанови, Чкембарите, па за малку е избегнат поголем инцидент.




