Тешко е да се процени дали црвено црните по 26-26 кај Пик Сегед треба да жалат за пропуштената шанса да победат уште еднаш во низа или да бидат радосни што не го претрпеа првиот пораз во сезоната. А каква беше завршницата на мечот можеше да биде и така и така. Најописно. На влезот во последните две минути скопјани имаа два негатива и напад со грешка. Но Унгарците подарија ние намаливме, тие одново избрзаа и Вардар изедначи. Но куминацијата беше во завршните 25 секунди. Пик Сегед одново имаше пропуст што отвори чиста контра, но Дибиров промаши зицер што не се промашува, а за компензација се одбранивме за 26-26 и бод. Најдобри кај нас Борозан со 8 и Циндриќ со 7 гола, а Штербик редовно одличен.



Петти меч едноподруго Вардар не губи од Пик Сегед во ЛШ, а сега останува и на врвот од првата група во Лигата на шампионите во која денеска имаше и две други средби: Кристијанштад – Рајн Некар 22-35 и Барселона – Нант 31-25.