Делегатот на натпреварот Вардар-Малме кој заврши со 3-1 и нам ни донесе голема радост поради пласманот на црвено црните во третото коло во Лигата на шампионите во извештајот нотирал повеќе забелешки кои може на Вардар да му донесат голема казна. Инцидентите на централната трибина, повредениот фоторепортер, нападот врз гостинските навивачи, обидот за пресметка со главниот судија, написот УЕФА Мафија, употребата на пиротехника и друго, се дел од извештајот на делегатот од средбата кои ќе бидат доставени во дисциплинската комисија на УЕФА.



Натпреварот меѓу Вардар и Малме имал и дополнителна контрола од УЕФА која ја толкувала можноста Струмица и стадионот Младост во септември да бидат домаќини на квалификацискиот меч за СП меѓу Македонија и Албанија. Што тој ќе пријави, што согледал и како ќе реагира Европската фудбалска куќа останува да видиме иако не е исклучена прво Вардар да добие финансиска казна, а потоа да има и суспензија на струмичкиот стадион особено за големиот и компликуван натпревар на Македонија и Албанија.